Утрински Весник
Свет

Коста не се кае за масакрот, пред полицијата рекол: знам што направив

Коста не се кае за масакрот, пред полицијата рекол: знам што направив

Момчето кое го изврши масакрот во училиштето во Белград на полицијата и раскажа се: „Единствениот пат кога пријавил насилство од врсници било пред две години кога отишол на психолог“, пренесува српски „Блиц“

dobivaj vesti na viber

„Момчето не се кае за злосторството што го направил. На полицијата и кажал се што и како планирал“ – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

Според медиумот, Коста Кечмановиќ (13) кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ сам направил молотови коктели кои му биле пронајдени во ранецот.

„Татко му го носеше на стрелиште, многу вежбаше и се виде дека е многу вешт штом го застрела чуварот од 14 метри“, додава изворот за „Блиц“.

Според неговите зборови, Коста пријавил врсничко насилство во школото пред две години, кога бил петто одделение.

„Пријател од групата го удрил, по што му пукнала усната, реагираа од Центарот за социјална работа, Тиршова потоа напишала извештај и родителите биле повикани на разговор. Тоа е единственото насилство пријавено врз Коста“, додава анонимниот извор.

Посочува и дека Коста подолго време одел на посета кај психолог, раскажува тој.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години