Утрински Весник
Спорт

Лампард урна неславен рекорд по поразот од Арсенал

Лампард урна неславен рекорд по поразот од Арсенал

Менаџерот на Челси, Френк Лампард, стана првиот англиски тренер кој загубил десет последователни натпревари на чело на елитен тим во последните 35 години. Тој го забележа негативното достигнување по синоќешниот пораз на „сините“ со 1:3 од Арсенал во 34. коло од Премиерлигата.

dobivaj vesti na viber

Лампард, кој е најдобар стрелец на Челси на сите времиња во историјата на клубот, ги загуби сите шест натпревари откако се врати како привремен менаџер по отпуштањето на Грем Потер.

Тој, исто така, претрпе порази во неговите последни четири натпревари на чело на Евертон и сега ја израмни низата на Артур Кокс со Дерби Каунти во 1988 година, иако со два различни тима.

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија