Утрински Весник
Македонија

ДУИ бара аргументи за една изборна единица, не знаат дали би прифатиле промена на изборниот модел

ДУИ бара аргументи за една изборна единица, не знаат дали би прифатиле промена на изборниот модел

Арбер Адеми од ДУИ не одговори конкретно дали неговата партија е подготвена да прифати една изборна единица. Тој смета дека сите треба да се водат од аргументи, а за темата за промена на изборниот модел – не се разговарало.

dobivaj vesti na viber

„Ние сме отворени да дискутираме за сите предлози. Водејќи се од аргументи. Денеска не сме збореле на тема една изборна единица, немаше материјална расправа за предлозите. Оваа работна група не е само за измена на моделот за изборите туку и за други прашања. Ако збориме за моделот, ако се одлучиме за една изборна единица, треба да се одлучиме за праг од 5 отсто и отворени листи. Ќе се возджам од коментари, за да дискутираме коснтруктивно“, кажа Адеми.

На конститутивната седница на работната група за реформи во изборното законодавство, бил назначен претседател, но немало други одлуки и заклучоци.

Можете да прочитате

Состојбата во Буџетот која што ја наследивме беше алармантна, рече Мицкоски со барање ЈО да го истражи работењето во РЕК Битола оти долгот бил 5 милијарди денари

Лукаревска до Мицкоски: Граѓаните се гушат, каде ви е планот за чист воздух?

Никој не го пријавува инцидентот на Апасиев во Собранието, Гаши сака да остане неутрален