Утрински Весник
Спорт

Фудбалерките ќе играат со Бугарија и со Косово во премиерното издание на Лигата на нации

Фудбалерките ќе играат со Бугарија и со Косово во премиерното издание на Лигата на нации

Македонската женска А репрезентација на ждрепка во УЕФА ги дозна противниците во групата за премиерното издание од Лига на Нации во женска конкуренција.

dobivaj vesti na viber

Нашите најдобри фудбалерки на ждребот во Нион добија „соседска“ група, односно за првото место во групата ќе се соочиме со селекциите на Бугарија и Косово.

Репрезентацијата предводена од селекторот, Кирил Изов е во Ц сегментот во Лига на Нации, а денешното извлекување реши да биде дел од единствената група што ја сочинуаат само три селекции.

Ц1: Малта, Молдавија, Летонија, Андора;

Ц2: Турција, Луксембург, Литванија, Грузија;

Ц3: Азербејџан, Црна Гора, Кипар, Фарски Острови;

Ц4: Израел, Естонија, Казахстан, Ерменија;

Ц5: МАКЕДОНИЈА, Косово Бугарија;

Победниците по група автоматски обезбедуваат промоција во Б – дивизијата, додека трите најдобри второпласирани селекции ги очекуваат бараж дуели со трите најдобри третопласирани селекции од групите од Б – лигата.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина