Утрински Весник
Свет

Британското министерство: „Москва изгради големи воени одбранбени објекти во Русија и Украина“

Британското министерство: „Москва изгради големи воени одбранбени објекти во Русија и Украина“

Од минатото лето, Русија изгради некои од најголемите системи на воени одбранбени објекти на глобално ниво во последните неколку децении, во областите што ги контролира во Украина, како и во нејзините погранични региони, соопшти британското Министерство за одбрана.

dobivaj vesti na viber

Британското министерство, во најновиот разузнавачки извештај за војната во Украина, истакна дека Русија направила посебни напори за зајакнување на северната граница на окупираниот Крим, како и ископала стотици километри ровови во руската територија, вклучително и регионите Белгород и Курск.

Министерството на „Твитер“ објави дека Русија веројатно тие потези ги оправдувала со закани од Украина и НАТО.

Можете да прочитате

ОН: Заштитниот штит во Чернобил повеќе не ја задржува радијацијата

Турција: Продолжен притворот на Имамоглу и на 104 лица обвинети за корупција

САД ја укинаа рутинската вакцинација на новороденчињата против хепатит Б