Утрински Весник
Спорт

Баер ја продолжи успешната серија, победи за Лајпциг и Штутгарт

Баер ја продолжи успешната серија, победи за Лајпциг и Штутгарт

Пет натпревари се одиграа во Бундес лигата во рамките на 30.коло, во терминот од 15 часот и 30 минути.

dobivaj vesti na viber

Во дербиот Унион Берлин и Баер Леверкузен одиграа натпревар без голови. Унион ја пропушти шансата повторно директно да се вклучи во трката за титулата, а Баер Леверкузен ја продолжи својата неверојатна серија.

Леверкузен последниот пораз во Бундеслигата го доживеа на 19 февруари, оттогаш нема пораз на девет првенствени натпревари и пет во Лига Европа.

Унион сега е на третото место на табелата со 56 бодови, пет помалку од Борусија Дортмунд која е прва, а три помалку од Баерн кој има меч помалку.

Фрајбург славеше на гостувањето кај Келн, а единствениот гол на овој меч го постигна Руцу Доан во 54. минута од натпреварот.

Ајнтрахт и Аугсбург ги поделија бодовите по ремито 1:1.

Ајнтрахт поведе во 25. минута благодарение на автоголот на Рекбечај, а бод на гостите им донесе Ермедин Демировиќ во 58. минута.

Лајпциг пред своите гледачи со минимален резултат го победи Хофенхајм. Стрелец на голот вреден три бода за Лајпциг беше Кристофер Нкунку во 28. минута. За играчот кој од наредната сезона ќе го носи дресот на Челси по пауза од пет месеци.

Штутгарт ја победи Борусија Менхенгладбах со 2:1.

Гуираси му донесе водство на Штутгарт во 22. минута, а израмни Вигл во 77. минута од пенал.

Само четири минути подоцна, домашните добија пенал, а Кулибали го постигна голот кој на Штутгарт им донесе важни три бода во борбата за опстанок.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина