Утрински Весник
Македонија

Врсничкото насилство вирее на улиците низ државата, за еден ден четири случаи за натепани малолетници

Врсничкото насилство вирее на улиците низ државата, за еден ден четири случаи за натепани малолетници
Dik 300x250 mk

Четири одделни случаи на врсничко насилство се пријавени во полицијата за еден ден.

dobivaj vesti na viber

Имено, доцна синоќа Д.А.(67) од Куманово пријавил дека неговиот малолетен внук бил физички нападнат од страна на дете.

Напад имало и во селото Василево, пришто покрај нападнат малолетник настрадало уште едно лице, а напаѓачот употребил и тврд предмет, велат од полицијата.

Инцидент имало и во јавниот превоз. Според информациите од МВР, во автобус на ЈСП, на подрачјето на Бит Пазар било нападнато дете, а зад насилството, и во овој случај, стојат врсници.

Вознемирувачки настан е забележан и во Градскиот парк, Скопје, кај „Школка“, за кој што алармирала мајката на момче кое било натепано на оваа локација.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Во изминатиот период, полицијата известува за низа случаи на пресметки меѓу малолетници, но и други сериозни дела. Еден од низата, кој ја вознемири македонската јавноста е вчерашниот кога малолетно момче беше силувано од страна на негови врсници. Насилниците со родителите биде повикани во станица, а случајот е во рацете на Обвинителството.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош