Утрински Весник
Македонија

(Видео) Трет викенд иста слика: Со часови има километарски колони за влез во Грција, за излез од Македонија се чека повеќе од час

(Видео) Трет викенд иста слика: Со часови има километарски колони за влез во Грција, за излез од Македонија се чека повеќе од час

Трет продолжен викенд месецов, на граничниот премин „Богородица“ со Грција се чека и повеќе од час за влез кај јужниот сосед. За разлика од минатите два викенди, овојпат долги колони и гужви има и на преминот во Дојран. Најголем број од возилата се со македонски и српски регистрации.

dobivaj vesti na viber

Се чека во неколку редици, а поради долгата колона, граѓаните чекаат и надвор од автомобилите. Отворени се пет пунктови на МВР за проверки, за премин на границата.

Според АМСМ, ова е еден од двата гранични премини каде е забележана гужва од утринава. На Пелинце, Меџитлија, Дебе Баир, Ќафасан, Делчево, Ново Село, Блаце – времето на чекање е минимално. Подолго време на чекање има и на Табановце, за влез во Македнија.

Можете да прочитате

Мицкоски за пожарите: Владата е нападната од домашни и странски центри на моќ

СДСМ: Бараме политичка и кривична одговорност за еколошката катастрофа

ВМРО-ДПМНЕ вели опозицијата подметнува пожари, а Али, Артан, Чупеска и компанија, биле пиромани во служба на злото