Утрински Весник
Македонија

(Видео) Пожарот во прилепската фабрика избил на покривот кај панелите за струја, по шест дена биле земени примероци за да се види причината

(Видео) Пожарот во прилепската фабрика избил на покривот кај панелите за струја, по шест дена биле земени примероци за да се види причината

Пожарот кој се случи пред осум дена во прилепската фабрика „Тила“ избил на покривот кај панелите за струја, велат на нивниот официјален Фејсбук профил. Ги критикуваат надлежните институции  дека дури по шест дена земале примероци за да ја побараат  причината.

dobivaj vesti na viber

„Како се случи пожарот?! Она што ние го видовме со свои очи и она за кое сведочат нашите соседи е дека пожарот избил на покривот на фотоволтаичните панели кои тие произведуваат струја, а она што ние не го знаеме е како избил пожарот и што го предизвикало тоа. Одговор на ова прашање очекуваме сите ние од надлежните институции кои вчера после 6 дена од денот на пожарот зедоа примероци од инверторите од фотоволтаиците со цел да ја утврдат причината за избивањето на пожарот“, велат од прилепската фабрика во својата објава на Фејсбук.

Пожарот започна во 13:20 часот на 21 април, а е изгаснат 35 минути по полноќ. Во текот на целото гаснење на пожарот интервенирале вкупно 20 пожарникари со 10 противпожарни возила, соопшти ЦУК тогаш за индидентот.

Можете да прочитате

Пресек на состојбата со пожарите – гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Бошњаковски ја разгоре искрата на Ѓорѓија Пулески, 150 години после „Речникот на три јазика