Утрински Весник
Македонија

Сончево време со температури до 22 степени

Сончево утро, попладне дожд

Времето денеска наутро ќе биде студено со ниски температури за овој дел од годината, а преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје наутро свежо, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 20 степени.

За време на викендот и во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста, во недела и понеделник со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Дневната температура до недела ќе биде во пораст.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание