Кениската полиција пронашла тела во масовна гробница во шумата Шакахола на истокот на земјата, каде што се наоѓа седиштето на сектата Меѓународна црква на добрата вест. Досега се пронајдени 89 тела, а се верува дека бројот ќе се зголеми додека продолжува процесот на ексхумација. Повеќе од половина од телата се на деца.
Уште еден свештеник во источна Кенија е уапсен поради масовните убиства, а 100 негови следбеници се евакуирани од просториите на црквата, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Китур Киндики.
Членовите на кениската секта, пронајдени во масовна гробница во шумата Шакахола, се изгладнувале до смрт верувајќи дека ќе одат во рајот.
Iz plitkih grobnica u Keniji do sada ekshumirano 89 tijela. Sumnja se da su žrtve kulta Međunarodne crkve “Dobre vijesti”. Kult je propovijedao izgladnjivanje kao put do raja. pic.twitter.com/Zxu78ChywY
— Radio Slobodna Evropa (@RSE_Balkan) April 27, 2023
Кенискиот Црвен крст претходно соопшти дека 112 лица биле пријавени за исчезнати во советувалиштето, кое било отворено во локална болница.
Водачот на сектата, Пол Мекензи, беше уапсен по дојава за постоење плитки гробници во кои се наоѓаат телата на неговите следбеници.