Утрински Весник
Македонија

(Видео) Одложен изборот на нов претседател на Судски совет; Дамева: Два дена нема ништо да сменат, очекував дека имате мнозинство

(Видео) Одложен изборот на нов претседател на Судски совет; Дамева: Два дена нема ништо да сменат, очекував дека имате мнозинство

По два часа убедување и расправа од која ечеше Судскиот совет околу изборот на нов претседател откако вчера од таа функција беше разрешена Весна Дамева, на иницијатива на потпретседателот Селим Адеми, за втори мај се одложи седницата на која ќе се избира нов претседател.

Предлогот за одложување, потпретседателот Адеми го рече дека го дава поради отсуство на еден од членовите.

dobivaj vesti na viber

„Дебатираме за избор на претседател на Судски совет кој има 13 челна и добро е таа одлука да се донесе во полн состав. Еден член не присутен од оправдани причини и подобро е седницата да се одложи за 2 – 5 дена“, рече потпретседателот Адеми.

На овој негов предлог забелешки имаше разрешената Дамева. Нејзиниот став беше дека седницата треба да се одржи.

„Од 11 часот до 13 часот не беше доволно, но се надевам дека во наредите два дена ќе има време за потребно мнозинство. Непријатно ми е што ова се случува. Нарушени се нашето однесување и постапување понатаму. Иако, морам да бидам искрена, очекував дека ќе имате мнозинство, но ќе оставиме уште два дена да видиме дали вашето разрешување без никаква постапка ќе се легализира. Требаше да не заштитите како заменик-претседател и одговорен претседавач на оваа седница од сите влијанија и притисоци. Ставот на секој судија и член е овде и сега, ако некој нема став тогаш  не сме на ниво на задачата да бидеме дел од ова тело. Што ќе се смени за два до три дена? Седницата беше закажана вчера“, рече Дамева.

Потпретседателот Адеми на ваквите забелешки од Дамева и советуваше по заврпување на седницата да одржи прес-конференција и да каже на јавнсота се што има.

„Ве слушавме, многу зборувате во наводници. По одлагање на седницата одржете прес и кажете дали јас Селим Адеми сум ви извршил притисок вас или на некој друг. Нема да се впуштаме во дебата , вчера расправавме пет часа“, рече Адеми.

И покрај забелешките од Дамева со 8 гласа за и два против, Судскиот совет го прифати предлогот на втори мај да се одржи седницата за избор на нов претседател.

На дофрлањата дека работи незаконски по одлагањето на седницата Адеми кусо одговори дека има институцијата која може да реагира ако Судскиот совет носи незаконски одлуки.

Можете да прочитате

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации 

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри!

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“