Утрински Весник
Свет

Порака до Пјонг Јанг: САД испраќаат нуклеарна подморница во Јужна Кореја

Порака до Пјонг Јанг: САД испраќаат нуклеарна подморница во Јужна Кореја

Прв пат по ’80-тите години од минатиот век, американска нуклеарна подморница со балистички ракети (ССБН) ќе ја посети Јужна Кореја за да ја демонстрира решеноста на Вашингтон да ја заштити земјата од севернокорејски напад, пренесува „Џерусалем пост.“

dobivaj vesti na viber

Посетата на подморницата беше најавена во заедничката изјава на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол и американскиот претседател Џо Бајден по нивната средба во Вашингтон во средата.

Бидејќи американските ССБН се потпираат на оперирањето во тајност и на стелт-технологијата да го обезбедат својот опстанок и да ја зачуваат својата способност за лансирање нуклеарни проектили во воени услови, тие ретко изведуваат јавни застанувања во странските пристаништа.

„Ова може да биде огромен притисок врз Северна Кореја бидејќи САД обично не споделуваат каде се раапоредени тие подморници“, вели Мун Кеун-сик, пензиониран јужнокорејски капетан на подморница и водач на ескадрила.

САД ветија дека ќе распоредат повеќе т.н. стратешки средства – носачи на авиони, подморници и бомбардери со долг дострел – во Јужна Кореја за да ја одвратат Северна Кореја, која развива се помоќни ракети што можат да погодат цели од Јужна Кореја до копното САД.

Посетата на подморницата, исто така, се смета за начин да се увери Јужна Кореја и да стивнат инсистирањата во Сеул за развој на домашно нуклеарно оружје.

Пјонгјанг ги осуди како доказ за непријателската намера на сојузниците неодамнешното распоредување на американски носачи на авиони и заедничките воени вежби на Јужна Кореја и САД.

 

Американската морнарица има распоредено 14 нуклеарни подморници со балистички ракети, често нарекувани и „бумери“. Секоја од овие подморници од класата „Охајо“ носи по 20 проектили „ тридендт 2 Д5“, а секој од нив може да истрела до осум нуклеарни боеви глави до цели оддалечени до 12.000 км.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња