Утрински Весник
Македонија

Секретарка во регулаторно тело има плата од 90.000 денари, посочи премиерот Ковачевски

Секретарка во регулаторно тело има плата од 90.000 денари, посочи премиерот Ковачевски

И по забелешките од Светската банка и препораките за стопирање на огромното покачување на платите на функционерите, премиерот Димитар Ковачевски останува на ставот дека тоа ќе се направи доколку се донесе законот за плати. Потсети дека го предложил уште пред одлуката на Уставниот суд, со која се зголемија платите на функционерите.

dobivaj vesti na viber

„Ние сега имаме разни колективни договори, кои на работниците со исто ниво на одговорност во разни области им овозможуваат различно ниво на плата. Или кај функционерите. Имате пратеник во Собранието, кој има, на пример, плата од 60.000 денари, а имате секретарка во одредено регулаторно тело, која има 90.000 денари плата. Тоа е неконзистентност. Едно такво работно место да има поголема плата од претседател на држава. Затоа е подготовката на овој закон за плати“, рече премиерот Ковачевски по отворањето на самитот „Македонија 2025“ одговарајќи на новинарско прашање дали ќе предложи Собранието да ги смени одредбите со кои им се покачија платите на функционерите.

Посочи дека во многу земји има закон за плати. Како пример ја наведе Белгија, но нагласи дека и земји од регионот имаат закон со кој точно се знае која е највисоката плата што се одвојува од буџетот и кој ја зема.

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег