Утрински Весник
Спорт

Тухел побарал да му донесат двајца играчи, со еден од нив работеше во Челси

Тухел побарал да му донесат двајца играчи, со еден од нив работеше во Челси

Тренер на Баерн Минхен, Томас Тухел, во летниот преоден рок ќе добие шанса да формира ростерс спроед сопствените стандарди. Сезона на која не се навикнати во Баварска би можела да има целосно трагичен крај. По елиминацијата од Купот на Германија и Лигата на шампионите, Баерн може да остане и без титулата во Бундес лигата.

dobivaj vesti na viber

Пред да му ги исполнат желбите на Тухе, клупските елници серизоно ќе треба да размислат за иднината на извршниот директор Оливер Кан и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.

Прва мета секако е Виктор Осимен, кој е подготвен да се пресели во Минхен по освојувањето на „скудетото“ со Наполи.

Цената нема да биде мала, но на Баерн му треба голгетер. Главна фигура во неговиот избор, се чини, ќе биде неговата поубава половина Стефани. Имено, таа е Германка и би сакала да живеат заедно во нејзината земја, а Виктор би можел да и ја исполни таа желба, пишува Кристијан Фалк од „Билд“.

Проблем за Баерн претставува сериозниот интерс на ПСЖ за Нигериецот. „Ле Парисиен“, тврди дека неговиот менаџер ја договорил платата на осимен во ПСЖ, останува клубот да се договори со Наполи околу оштетата.

Исто така, Тухел е голем фан на Матео Ковачиќ, со кој соработуваше во Челзи. Хрватскиот играч за врска следната сезона ќе влезе во последната година од договорот со „сините“ и би можел да замине на лето за помалку пари отколку што навистина вреди.

Исто така, газдата на Челси, неодамана изјави дека секој играч на Челси ќе биде ставен на продажба во летниот преоден рок.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари