Утрински Весник
Спорт

Осимен се сели во Париз?

Осимен се сели во Париз?

Фудбалерот на Наполи Виктор Осимхен би можел да ја продолжи кариерата во ПСЖ, пренесува „Фут меркато“.

dobivaj vesti na viber

Осимхен (24) пристигна во Наполи во 2020 година од Лил за 75 милиони евра, а претходно играше за Шарлроа и Волфсбург.

За клубот од Неапол оваа сезона постигна 26 гола на 32 натпревари, а моментално е еден од најдобрите напаѓачи во европските лиги.

„Футмеркато“ наведува дека претставниците на ПСЖ се блиску до договор со менаџерите на нигерискиот напаѓач околу личните услови од договорот.

Потоа се очекува да започнат преговорите меѓу претставниците на двата клуба.

За Осимхен интерес покажаа многу европски клубови, меѓу кои Манчестер Јунајтед и Баерн.

Тој има договор со Наполи до 30 јуни 2025 година, а „Трансфермаркт“, ја проценува вредноста на нигерискиот напаѓач на 100 милиони евра.

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство