Утрински Весник
Македонија

Град Скопје: Половина милион евра годишно земаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а ја кочат секоја одлука

Град Скопје: Половина милион евра годишно земаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а ја кочат секоја одлука

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денес уште еднаш ја потврдија нивната владејачка коалиција, која очигледно е актуелна и во Советот на град Скопје, велат од Градот.

dobivaj vesti na viber

„Она што јавноста треба да го знае е дека токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои годишно земаат скоро половина милион евра во паушали, трет пат ја одбиваат одлуката за купување на нови, модерни и еколошки автобуси кои треба да го заменат стариот возен парк на ЈСП Скопје, но и да понудат европски стандарди во јавниот превоз.

За жал, очигледна е потребата на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да го кочат напредокот на градот, како што тоа досега го правеа и со државата. Ја кочат секоја одлука која не е нивна иако е во корист на граѓаните. За овие две вледејачки партии, единствен интерес се процентите и тендерите. Оваа одлука не ја гласаат единствено поради тоа што се оневозможени повторно да прават криминал“, велат од прес-службата на Град Скопје.

Се додава дека предлог одлуката за купување на нови еколошки автобуси ќе биде предложена на секоја следна седница на Советот.

Можете да прочитате

Старица претепана и ограбена во својот домот, разбојникот во притвор

(Фото) Пожар во Кисела Вода: Автомобил изгоре меѓу згради кај Расадник

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено