Утрински Весник
Македонија

Отец Тимотеј за обединувањето со ПОА на Вранишковски: Бараат четири епархии, но колку ќе добијат, ќе видиме на седницата

Отец Тимотеј за обединувањето со ПОА на Вранишковски: Бараат четири епархии, но колку ќе добијат, ќе видиме на седницата

Синодот на македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) денес на седница ќе одлучува за обединувањето со Православната охридска архиепископија (ПОА) на Јован Вранишковски која од 2002 година делуваше во единство со Српската православна црква. Во овој период владиката Вранишковски беше расчинет и нарекуван расколник и предавник.

dobivaj vesti na viber

По објавите дека некои од постојните епархии ќе бидат поделени и дека со четири од новите епархии ќе управуваат владици на ПОА, отец Тимотеј за „Макфакс“ вели дека таквата поделба не е извесна.

„Точно е дека на денешната седница ќе разговараме за обединувањето со ПОА. Има барање да управуваат со четири епархии, но колку ќе добијат, ќе видиме на седницата“, вели отец Тимотеј.

Тој вели дека шпекулации се тврдењата дека поделбата на епархиите со ПОА била условена со автокефалноста на МПЦ-ОА и објаснува дека се случува оти, едноставно, било потребно да се направи.

Македонската православна црква-Охридска архиепископија на територијата на Македонија и во дијаспората е организирана во 12 епархии, од кои осум се во државата, а четири се во дијаспората.

По повеќе од половина век, минатата година Српската православна црква ѝ додели статус на целосна независност на Македонската православна црква-Охридска архиепископија по заедничка литургија во Белград.

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење