Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ана Чупеска, која поддржува апсење и затворање на новинари, не е компетентна да пишува уставни амандмани

ВМРО-ДПМНЕ: Ана Чупеска, која поддржува апсење и затворање на новинари, не е компетентна да пишува уставни амандмани

Ана Чупеска, која поддржува апсење и затворање на новинари, чија слобода на мисла е загарантирана со Устав не е компетентна да пишува уставни амандмани, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Слободата на мисла и слободата на средствата за јавно информирање е загарантирана со Устав, преку уставна одредба се заштитени и новинарите и медиумите, и тоа нивно право е темел на демократијата.

СДС за член на работната група за пишување на уставни амандмани ја предлага Ана Чупеска, која поддржува затворање на новинари, како во примерот со повик на Бранко Тричковски за поддршка на Али Ахмети кој јавно нападна две национални телевизии“ велат од партијата.

Оттаму додаваат дека фактот што луѓе кои не се експерти по уставно право треба да пишуваат уставни амандмани за СДС говори дека оваа партија го допрела дното, и по јавното откажување на голем број експерти да се вклучат во процесот, прибегнаа кон свои партиски луѓе и поддржувачи на нивните политики како Чупеска.

Можете да прочитате

Петар Богојески: ЗНМ да се извини за крајно манипулативниот и тенденциозен текст или ќе бидам приморан да покренам постапка за клевета

Јавно објавен предлог – законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Од болницата „Папаниколау“ во Солун си замина и последната пациентка која настрада во пожарот во Кочани на 16 март