Новиот директор на Здравствен дом – Скопје, Вулнет Селими најави санкции поради пуштање на прегласна музика во поликлиниката во Драчево.
„По објавувањето на видео снимка од внатрешноста на поликлиниката Драчево, на која се слушаа песни со исклучително висок глас, што е надвор од секоја етика и прописи, пред неколку моменти ја посетив оваа поликлиника. Одговорниот лекар ми потврди дека таа сцена се случила минатиот четврток, оправдувајќи ја по повод пензионирањето на вработен на Клиниката, што и според него е над нормалното“, напиша Селими на Фејсбук.
Како што вели тој, за овој пропуст ќе бидат преземени дисциплински мерки и против управителот на клиниката и против дежурниот лекар одговорен на денот кога се случило тоа.
-Ваквите сцени не можат да се толерираат во амбиенти каде што луѓето одат да ја добиваат потребната медицинска помош, порачува директорот на Здравствен дом – Скопје.