Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Хаотични сцени на „Карасикакис“ – војската и полицијата со солзавец против хулиганите на Олимпијакос

Хаотични сцени на „Карасикакис“ – војската и полицијата со солзавец против хулиганите на Олимпијакос
300x250 opst2

Хулиганите на Олимпијакос влетаа на теренот, синоќа на дербито против АЕК. Полицијата и војската мораа да интервенираат за да ја смират ситуацијата. Судијата Давиде Маса две минути пред крајотзамина во совбелкувалната.

dobivaj vesti na viber

Две минути пред крајот на дербито, кога АЕК го постигна третиот гол, хулиганите влегоа на теренот на кулниот стадион „Караискакис“. Ситуацијата ескалираше бидејќи 30 секунди претходни играчите и навивачите на Олимпијакос сметаа дека се оштетени за пенал.

Дури и сопственикот на Олимпијакос, Евангелос Маринакис, слезе од свечената ложа на теренот и фрли топка на теренот за да го прекина натпреварот.

Кога судијата Маса виде дека работите излегуваат од контрола, свирна крај на натпреварот и збега во соблекувалната, по што домашните навивачи влегоа на теренот.

Летаа столчиња и факели и разни предмети, а потоа на терен влегоа специјалците, а потоа и војската.

Следеа неколку минути шокантни сцени по што ситуацијата се смири. Полцијата и војската со солзавец ја растурија толпата.

Натпреварот заврши со победа на АЕК од 3:1. Олимпијакос со овој пораз отпадна од борбата за титулата, додека АЕК жестоко ќе се бори за неа со панатинаикос. Двата тима на врвот имаат по 72 бода.

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН