Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Пазарна викендов влезе во познат ланец маркети и изрече казни над 30.000 евра – се криеле производи, а се продавало и по поскапи цени

СДСМ: Замрзнувањето на цените го штити стандардот на граѓаните
300x250 opst2

Пазарната инспекција влезе во продажни објекти на познат ланец маркети, каде наиде на непочитување на владините одлуки, дознава „Макфакс“. Неофицијално, изречените казни се над 30.000 евра, за прекршувања во маркети на различни локации. Инспекторите при проверки, утврдиле дека се прекршени Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, односно дека фирмата имала нечесни трговски практики.

dobivaj vesti na viber

Првичните информации се дека при проверките е утврдено дека се криеле производи, на кои цените им се ограничени со владини одлуки. Додека во магацин ги имало, рафтовите биле празни. Втората причина за изрекување на казните се продавање по цени, неусогласени со владините одлуки со кои се одредија највисоки цени.

Детали за акцијата на инспекторите од Пазарна инспеција се очекуваат утре.

На почетокот од месецов и претставници на Владата посочија дека се свесни за проблемот со криењето производи. На почетокот од месецот, беа замрзнати цените на зеленчукот. Претходно, се донесе и одлука за замрзнување на цената на лебот.

Можете да прочитате

Трендафилов: Минималната плата мора веднаш да се зголеми

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут