Баерн Минхен направи нов грешен чекор и загуби со 1:3 од Мајнц во 29. коло на германската Бундеслига. Тоа беше трет пораз на Баварците на седум натпревари откако Томас Тухел го презеде кормилото. Воедно, Борусија Дортмунд го искористи тој пораз на Баерн и го презеде врвот на табелата.
„Натпреварот против Мајнц беше под контрола, но не постигнавме втор гол. Израмнувачкиот гол дојде од никаде и тогаш немавме енергија да реагираме. Да примиш три гола за 12 минути, тоа не смее да ни случува. Направивме многу грешки. Ни недостигаше ефикасност. Проблемите се очигледни“, изјави Тухел за „Скај Германија“.
Избраниците на Тухел ѝ го предадоа водството на Борусија Дортмунд и се на пат да ја запишат својата прва сезона без трофеј од сезоната 2011/2012, кога исто така испаднаа рано од Лигата на шампионите и од Купот на Германија, а во Бундеслигата завршија со осум бода негатива во однос на шампионот.