Утрински Весник
Спорт

Укината суспензијата на Лукаку за куп-полуфиналето со Јувентус

Укината суспензијата на Лукаку за куп-полуфиналето со Јувентус

Белгиецот Ромелу Лукаку ќе може да игра против Јувентус во реваншот од полуфиналето во Купот на Италија. Одлуката за суспензија на напаѓачот на Интер ја укина претседателот на Италијанската фудбалска федерација Габриеле Гравина, објави прес-службата на организацијата.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението на федерацијата се вели дека однесувањето на Лукаку е мотивирано од расистичкиот однос на навивачите на клубот од Торино. Суспензијата на белгискиот напаѓач е наречена „мерка за борба против сите форми на расизам“.

Лукаку реализираше пенал во 95. минута од првиот полуфинален натпревар од Купот на Италија против Јувентус и го прослави голот затворајќи ги очите и затварајќи ги ушите со прстите во знак на револт. Овие постапки судијата ги оцени како провокативни и на Белгиецот му го покажа втор жолт картон на натпреварот. Така Лукаку ризикуваше да го пропушти вториот полуфинален меч против Јувентус.

Реваншот меѓу Интер и Јувентус ќе се одигра на 26 април, а првата средба заврши 1:1.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина