Утрински Весник
Спорт

Христијана Парулеска се закити со сребро на Европското првенство во ИТФ таеквонодо во Италија

Христијана Парулеска се закити со сребро на Европското првенство во ИТФ таеквонодо во Италија

Охриѓанката Христијана Парулеска го освои сребрениот медал на Европското првенство во ИТФ таеквондо што се одржува во Јесоло, Италија. Таа го одбрани сребрениот медал што го освои минатата година во Пореч, Хрватска.

dobivaj vesti na viber

На овој настап има натпреварувачи од 27 земји, а нашата репрезентација е предводена од претседателот и воедно селектор, Марјанчо Лазарески, заедно со седум репрезентативци.

Во првиот натпреварувалки ден медал за Македонија во женска конкуренција донесе Христијана Парулеска од Охрид.

Покрај Парулеска, Македонија на ЕП ја претставуваат и Давид Крстески, Божидар Димитриевиќ, Владимир Димитриевиќ, Софија Колушоска, Елена Јанеска и Давид Велковски.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ