Во врска со експлозијата по лансирањето на ракетата Starship денеска се огласи сопственикот на компанијата SpaceX, Илон Маск, кој рече дека за неколку месеци ќе се направи обид за ново лансирање.
„Честитки до тимот на SpaceX за возбудливото пробно лансирање на ракетата Starship! Научи многу за следното пробно лансирање за неколку месеци“, напиша Маск на „Твитер“.
Ракетата долга 120 метри експлодира неколку минути по полетувањето, пишува „Би-Би-Си“ и ги цитира оценките на инженерите кои тврдат дека лансирањето, без разлика на експлозијата, било успешно, а собраните податоци ќе ги прегледаат за време на работата на следното тест лансирање.
Британскиот јавен сервис опиша дека работите тргнале наопаку во моментот на одвојувањето, што довело до експлозијата.
Ѕвездениот брод требаше да биде лансиран во орбитата на Земјата, но се урна во Пацификот, во близина на Хаваите, пишува АП и наведува дека во денешната експлозија нема повредени.
Ова беше втор обид за лансирање, бидејќи претходниот беше откажан поради замрзнат вентил, наведува агенцијата.
Компанијата претходно најави дека ракетата треба да се користи за испраќање луѓе и товар на Месечината, а потоа и на Марс.