Утрински Весник
Македонија

ДУИ: ВМРО е против Албанците, Коридорот 8, ЕУ и САД

ДУИ го поздравува претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ

Опозициската ВМРО ДПМНЕ секојдневно потврдува дека е фундаментално ориентирана против Албанците во нашата држава, против изградбата на коридорот 8 и против интеграцијата во Европската Унија и стратешкото пријателство со САД, обвини ДУИ.

dobivaj vesti na viber

„Бруталната безмислена и неискрена кампања на ВМРО против изградбата на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата земја е целосно лицемерие. Едно зборуваат на затворени состаноци, друго во јавност. Напорите на ВМРО да се натпреваруваат во мртвата трка со Левица во тоа кој е поголем антиалбанец, ја враќаат државата пред 2001 година. ВМРО е против Албансккиот јазик и против Охридскиот рамковен договор“ велат од партијата.

Според ДУИ, блокирањето на интеграцијата во ЕУ и пријателството со САД од страна на ВМРО има за цел зацврствување на руското присуство во земјата и регионот.

„Демонстрацијата на една едиствена слика во маскирна униформа со празен калашников и опколен со жени и деца на испраќање на Мицкоски како и повиците на војна во Собрание од страна на Николовски, имаат за цел дестабилизација на земјата и испраќање на порака кон Албанците дека тие се второстепени граѓани во државата.

ВМРО, во трка со про руската Левица, блокира закони во Собранието, ја блокира државата и демонострира како изгледаше заробената држава како потсетник за граѓаните кои што можеби заборавиле“ порачаа од ДУИ.

Можете да прочитате

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика