Утрински Весник
Свет

На Италија и недостасуваат милион работници

На Италија и недостасуваат милион работници

Италија се соочува со голем недостиг на работна сила и недостигаат вкупно околу еден милион работници во неколку економски сектори, рече министерката за труд Марија Елвира Калдероне. Главниот проблем е што се повеќе луѓе го напуштаат пазарот на труд поради возраста, а тешко е да се најдат нови работници за пополнување на овие позиции, рече Калдероне.

dobivaj vesti na viber

Владата работи на тоа компаниите да имаат работна сила обучена за работата што ќе ја работат, а особено за предизвиците на денешницата и утрешниот ден, нагласи таа. Ова особено се однесува на еколошката и дигиталната трансформација во светот на работата, додаде Калдероне, истакнувајќи дека главната цел е да се вработи секој граѓанин на Италија.

Недостигот од работна сила е особено изразен во туризмот, велат од здружението „Асотуризам конфесерценти“. Од угостителството се жалат на слабиот одзив на понудите, но и на неквалификациите на кандидатите за работа. Земјоделството во летните месеци и сезоната на жетва има потреба од најмалку сто илјади работници, соопшти земјоделското здружение Колдирети.

Нагласија дека итно им се потребни трактористи, градинари и берачи на овошје и зеленчук. Тие бараат и квалификувани работници во дигиталниот сектор, како земјоделски техничари кои знаат да управуваат со дронови, да читаат метеоролошки податоци и да користат ИТ алатки.

Можете да прочитате

ЕК ја казни компанијата „Али експрес“ со 550 милиони евра 

Русија тврди дека пет лица загинале во украински напад со дрон врз автобус во Белгород

Иран изврши нови напади врз Кувајт и Бахреин