Италијанскиот напаѓач на Лацио, Чиро Имобиле излезе од болницата „Гемели“ во Рим два дена откако доби повреда на ‘рбетот и скршено ребро при судир со трамвај во близината на „Олимпико“.
Инцидентот се случи во неделата додека Имобиле беше во автомобилот со своите две ќерки, и според италијанските медиуми и фудбалерот и возачот на трамвајот инсистирале дека поминале на зелено светло, а истрагата уште трае.
Според „Радио Радио“, Имобиле останал во болница повеќе од што е потребно бидејќи неговата 10-годишната ќерка Микела уште е задржана со модринки. Нејзината 8-годишна сестра Џорџа, веќе е пратена дома со мала повреда на вратот.
https://t.co/vhzEOwmt50
— Alfredo Pedullà (@AlfredoPedulla) April 18, 2023