Утрински Весник
Македонија

Агрон Речи е именуван за нов државен правобранител, одлучи Владата

Агрон Речи е именуван за нов државен правобранител, одлучи Владата

Владата денеска донесе одлука да го именува Агрон Речи за Државен правобранител на Република Северна Македонија, според процедурите, на предлог на министерот за правда, а по спроведен Оглас, беше соопштено по владината седница.

dobivaj vesti na viber

Новоименуваниот Државен правобранител Речи, како што се истакнува во владиното соопштение е досегашен државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство – Охрид, каде ја извршувал функцијата од ноември 2020 година.

По професија е дипломиран правник, според наведеното во неговата Биографија, со долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Документот што ја потопува пропагандата на ДУИ за „српскиот свет” [ФОТО]

Парламентарната култура – темел на демократската зрелост

СДСМ: Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законот