Владата на шпанската провинција Каталонија побараа од Реал Мадрид да го отстранат „неодговорното“ видео со кое ја поврзаа Барселона со режимот на Франциско Франко, велејќи дека се работи за „груба манипулација на историјата“.
Реал Мадрид го објави видеото откако клубот беше прозван од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, кој ги опиша „кралевите“ како „тим на режмот“ кој постојано добивал услуги од судиите. Мадридскиот клуб очигледно не ги прифати овие обвинувања лесно и објави фасцинантно видео во кое во детали ги опишуваше врските на Барселона со поранешниот шпански диктатор Франциско Франко.
Во четириминутното видео преку архивски сними, Мадрид потсетува дека Барселона му понудила три медали на Франко, го направила почесен лен на клубот и имале голем успеех за време на неговиот режим. Портпаролот на каталонската влада, Патрисија Плажа побара клубот да се однесува одговорно.
„Се работи за груба манипулација на историјата како од прирачник. Тоа е загрижувачки, неодговорно и навредливо кон луѓето кои страдаа од режимот на Франко. Би бил вистински потег Реал Мадрид да го повлече видеото и да се извини“, вели Плажа.
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) April 18, 2023