Утрински Весник
Македонија

„Богохулие е отровот што го пушташ“ – му одговори Тренчевска на владиката Петар

„Богохулие е отровот што го пушташ“ – му одговори Тренчевска на владиката Петар

Жената не бара повеќе права, бара исти права и исти можности како и мажите.  Ама Владико тоа ти со твоите ретроградни ставови, со понижувањата и омаловажувањата кон жената не можеш да го разбереш, вели министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска по изнесените ставови на владиката Петар за родовата еднаквост.

dobivaj vesti na viber

„Богохулие е отровот што го пушташ и со кој навредуваш и понижуваш 51 отсто од популацијата. Не си ги разбрал поимите, но и времето во кое живееме. Не е време на инквизиција, Владико. Живееме во демократија. Во време кога можеби не секоја жена е гласна, храбра, но оние гласните и храбри се борат за родова еднаквост. За своите права и правата на секоја друга жена. За правата на секој поединец во општеството“, се наведува во реакцијата на Тренчевска.

Претходно вчера, Владиката Петар во Велигденското послание рече дека родовата еднаквост е изопачена.

„Во минатите векови, до феминизмост и еманципацијата на жената, таа била сопруга, мајка, домаќинка, а денес таа е високоеманципирана со забележителни позиции во општеството, но често и разведена и самохрана мајка. Кога некој бара повеќе или поголеми права, треба да е свесен, подготвен и способен да извршува повеќе должности“ порача владиката Петар.

Рече дека на нашето општество молскавично му се заканува уште поопасна, попогубна и поотровна идеологија – родовата еднаквост. Оваа идеологија, вели владиката Петар, односно манипулативна терминологија е богохулна, противприродна, изопачена.

„Господ ги создаде машко и женско и се друго изменето, поинакво и поразлично од божјото создание е ненормално, а со тоа и неприфатливо“ рече митрополитот Преспанско-пелагониски.

Владиката Петар рече дека често се случува феминистичките здруженија барајќи права да го вперат прстот во Црквата.

Можете да прочитате

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме

Јаневска: Директорот во студентскиот дом „Пелагонија“ набавил пилешко по цена од 570 денари за килограм

Ратите за новите автобуси ќе се отплаќаат од 2028 година, најавува премиерот Мицкоски