Утрински Весник
Магазин

Тарантино откри зошто во неговите филмови нема секс-сцени

Тарантино откри зошто во неговите филмови нема секс-сцени

Фановите на славниот американски  режисер Квентин Тарантино секогаш може да очекуваат дека неговите филмови ќе донесат крв и насилство, но дека тешко, или воопшто, ќе содржат секс или голотија.

dobivaj vesti na viber

Ова е намерен избор, рече режисерот оскаровец во едно неодамнешно интервју, објаснувајќи дека тоа никогаш не било суштинско за неговите приказни.

„Сексот не е дел од мојата визија за филм. А вистината е дека во реалниот живот е мака да се снимаат секс-сцени бидејќи сите се многу напнати. Ако претходно беше малку проблематично да се прави тоа, сега е уште повеќе,” рече то во интервју за каталонскиот шпански весник „Диари АРА“. Можеби би вклучил таква сцена само доколку е важна за приказната, додаде тој.

И покрај тоа што во своите филмови не вклучува жешки сцени, Тарантино е познат по својот фетиш на стапала и, во филмовите често прикажува актерки без чорапи во крупен кадар.

А во врска со обвинувањата за подофилија, односно фетиш на стапала, режисерот во една прилика објасни за магазинот „Џеј Кју“ дека стапала се појавуваат во бројни филмови на квалитетни режисери.

„Пред мене, овој фетиш беше дефиниран од Луис Буњуел, друг филмски режисер. Хичкок исто така беше обвинет за истото, како и Софија Копола,“ рече тој.

Култниот режисер минатата есен започнува со снимање на својот десетти филм, кој би требало да биде последен во неговата кариера. Според шпекулации на фановите, инспирација за претстојната драма The Movie Critic („Филмскиот критичар“) е легендарната критичарка Полин Каел, која пишувала за „Д’ Њујоркер“ и била позната по тоа што редовно се расправала со филмаџиите.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста