Утрински Весник
Свет

(Видео) Питач од одмазда предизвикал пожар во зграда во Нови Сад, па побегнал

(Видео) Питач од одмазда предизвикал пожар во зграда во Нови Сад, па побегнал

Полицијата во Нови Сад интензивно трага по маж кој, како што неофицијално дознаваат белградските медиуми од извор близок до истрагата, запалил количка за бебиња на влезот во стамбена зграда. Се претпоставува дека пироманот го сторил тоа затоа што не добил пари додека просел пред зградата, што наводно го налутило и го натерало да го изврши наведеното дело.

dobivaj vesti na viber

Припадниците на новосадската противпожарна единица брзо излегле на терен и го изгаснале пожарот во кој нема повредени, но во ходникот на зградата е причинета голема материјална штета.

Поради оваа причина, ќе биде потребно да се изврши темелна реконструкција како молерисување, ѕидарски и електротехнички работи, поради целосно уништените ѕидови и стопените прекинувачи во овој дел од станбената зграда.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури