Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Наместо зеленило, бетонизација за граѓаните на Лисиче

СДСМ: Трипуновски со фалсификати ја манипулира јавноста

Граѓаните на Лисиче наместо зеленило добиваат бетонизација, наместо мега паркови – висококатници, реагираат денеска од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

-Со новиот детален урбанистички план на општина Аеродром, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тимчо Муцунски во Лисиче планираат изградба на десетина згради високи и до 10 ката. Со него, ниви купени од инвеститори пред носењето на планот, стануваат градежни парцели и тоа во делот на градот, каде аерозагадувањето континуирано урива рекорди, велат од СДСМ.

Според нив деталниот урбанистички план, кој се носи речиси зад грбот на граѓаните, отвора сомневања за корупција за тоа како инвеститорите знаеле кои парцели ќе добијат маркици за висококатници.

Можете да прочитате

Европа со План за нови рудници, во Македонија сè уште стои неискористен потенцијалот на „Иловица – Штука“

Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника

Тешко повреден скопјанец, со возило излетал на патот Велес – Градско