Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Река народ на Плаошник, се празнува Велигден во Охрид

(Видео) Река народ на Плаошник, се празнува Велигден во Охрид
Img 7972

Туристите кои изминативе денови го преполнија Охрид, вечерва празнуваат во црковните храмови. На 30 минути пред полноќ, река од народ, дојде на Плаошник во црквата „Свети Пантелејмон“. Најмногу гужва имаше пред влезот на црквата. Верниците меѓусебно си посакуваат празникот да им донесе здравје и среќа, откако ја слушнаа црковната молитва.

dobivaj vesti na viber

„Подигнете се вечни порти, ќе влезе царот на славата. Господ кревкиот, тој е цар на славата. Христос Воскресе“, рече архепископот, додека отворањето на портите на храмот го означи отворањето на портите во рајот.

Гужви и празнување има и низ останатите црковни храмови во Охрид. Градот е познат по својата убавина и 365 цркви – по една за секој ден во годината. Ова привлекува голем број верници од Македонија и од светот кои уживаат во неговата духовност.

Продолжениот викенд, голем дел граѓани го искористија за прошетка во македонскиот Ерусалим. Дел од нив сонцето го искористија за параглајдерство, бродска прошетка, полуподморница.

Можете да прочитате

Светски ден на менталното здравје: Мора гласно да говориме, да бидеме достапни за граѓаните за помош и превенција на психички нарушувања

ОЈО Битола вложи жалба за одлуката на судот двајца осомничени за јавните набавки во РЕК „Битола“ да одат во домашен притвор

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори