Утрински Весник
Спорт

Бањаја победи на спринтот во Остин, но не се врати на врвот во генералниот поредок

Бањаја победи на спринтот во Остин, но не се врати на врвот во генералниот поредок

Франческо Бањаја ја оствари третата победа од почетокот на сезоната во МотоГП, откако триумфираше во спринтерската трка за Големата награда на САД во Остин. За светскиот шампион ова е втор спринтерски успех од почетокот на годината, откако на стартот од сезоната ги надмина сите во спринтерска дистанца во Португалија.

dobivaj vesti na viber

Тој стартуваше од пол-позицијата и успеа да победи без посебни проблеми, но засега е само второпласиран во генералниот пласман, веднаш зад Марко Безеки.

На третото место во генералниот пласман е Жоан Зарко.

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0