Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Нема разлика меѓу Мицкоски и Апасиев, единствени против ЕУ

За влез во Влада Алијанса нека ги спречи автобусите со млади од Тетово и Гостивар кои ја напуштаат Македонија, побара Мицкоски

Според СДСМ, единствени против стратешките интереси на државата, против европскиот пат на државата се Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против членството во ЕУ, а уште една потврда за тоа е фактот што не делегираа претставници во работните групи за уставните измени. Нема разлика меѓу Мицкоски и Апасиев. Тие се против секоја важна стратешка и државничка одлука. И двајцата не поддржаа ниту почеток на преговорите со ЕУ. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ширеа хистерија, организираа протести кои станаа и насилни“, велат од СДСМ.

Според партијата на власт, заедно Мицкоски и Апасиев го лажеа народот за наводно загрозување на македонскиот јазик, го плашеа со асимилација и бугаризација.

Лагите, како што велат, им потонаа, преговорите со ЕУ започнаа со заштитен и признаен македонски јазик и идентитет, а тие не го поддржаа ниту Договорот со Фронтекс, како прв Договор со ЕУ потпишан на македонски јазик без додавки и фусноти, признаен од сите земји членки.

„Мицкоски и Апасиев по секоја цена настојуваат да го загрозат европскиот пат на државата. Нивната понуда е враќање во минатото, изолација и поделби. Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно ќе бидат поразени, а државата ќе продолжи по својот европски пат“, се посочува во напишаното.

Можете да прочитате

Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Ана Михајлов нова в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Богојески разрешен