Утрински Весник
Култура

Изложба на планинска фотографија во Куманово

Изложба на планинска фотографија во Куманово

Вчера вечер во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово беше отворена изложба на планинска фотографија на Бобан Стефановски – „Планината го има последниот збор“.

dobivaj vesti na viber

Тоа е прва изложба на уметничка планинска фотографија во Куманово. Беа изложени преку 40 фотографии кои Бобан ги има направено во Македонија и низ светот.

Бобан ги има искачено највисоките врвови кај нас во Македонија, и врвовите Дамаванд во Иран, Арарат во Турција, Монблан на Алпите и многу други. Тој е планинар и планинарски водич, кој преку неговите фотографии ни прикажува фрагменти од животот на планината. Секојдневно е во потрага по нови и возбудливи моменти и негов следен подвиг е врвот Килиманџаро во Африка.

Фотографијата како што вели Бобан ги претставува неговите лични успеси и порази, и битките што тој ги води кога ја поминува планината без разлика дали се надворешни или внатрешни.

Изложбата ќе може да се погледне следниве десет дена во Центар за култура Куманово.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“