Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Касано: На мене се сеќаваат по јакната, а на Мурињо по ужасниот фудбал

Касано: На мене се сеќаваат по јакната, а на Мурињо по ужасниот фудбал
Img 7972

Антонио Касано ја продолжи „војната“ на зборови со тренерот на Рома, Жозе Мурињо, порачувајќи му дека „знае каде може да си ги стави“ своите освоени трофеи.

dobivaj vesti na viber

Дискусијата започна откако Касано изјави дека Мурињо нема поим за фудбалот и дека не му е јасно како освоил толку трофеи во кариерата, по што Португалецот брутално го истрола поранешниот напаѓач на Реал Мадрид дека во шпанската престолнина го паметат само по неговата јакна која ја носеше при презентацијата во клубот.

„На Мурињо се сеќаваат во Мадрид само бидејќи играше ужасен фудбал, за што доби и отказ. Јас секогаш сум го оставал срцето во клубовите во кои играв. Никогаш не го критикував Мурињо како човек, бидејќи не го знам лично и не можам да судам. Ќе го критикувам за фудбалаот. Знам каде може да ги стви тие трофеи. Во Мадрид јас имав и два часовници, четири прстени и фризура за срам. Ме викаа ‘Гордито’ бидејќи бев дебел, но барем дојдов кај ‘галактикосите’ и тоа значи дека бев феномен. Несреќите сам си ги направив“, вели Касано.

Тој помина сезона и пол во Мадрид, во кои постигна само 4 гола во 29 настапи пред да се врати во Сампдорија во 2007.

Мурињо му одговори на Касано: Во Реал се сеќаваат само на неговата јакна

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица