Утрински Весник
Култура

Романот „Ѕиркачот“ на Прокопиев преведен на словенечки

Романот „Ѕиркачот“ на Прокопиев преведен на словенечки

„Шпегавец“ е трета книга на Прокопиев преведена на словенечки, по „Пловидба кон Југ“ (2008, Апокалипса, превод: Намита Субиото) и „Делфин“ (2020, Апокалипса, превод: Тим Сенчар)

dobivaj vesti na viber

Издавачката куќа „Прозарт медиа“ соопшти дека во издание на Форумот на словенските култури од Љубљана, излезе словенечкиот превод на книгата „Sиркачот“ на Александар Прокопиев. За преводот се погрижи Роберт Суша, а предговорот е на Намита Субиото.

Д-р Субиото, инаку редовна професорка на Катедрата за македонски јазик и литература, непресушен толкувач и афирматорка на македонските автори, го означува Прокопиев како еден од најинтересните современи македонски прозаисти, чиј јунак во романот бега од „транзицискиот трулеж“, „од амбисот на малодушноста градејќи го својот минимундус на имагинарна слобода“.

Форумот на словенските култури ги вмрежува и поврзува книжевностите на 13 словенски литератури во едицијата 100 словенски романи.

„Шпегавец“ е трета книга на Прокопиев преведена на словенечки, по „Пловидба кон Југ“ (2008, Апокалипса, превод: Намита Субиото) и „Делфин“ (2020, Апокалипса, превод: Тим Сенчар). Романот, објавен на македонски во 2007 година, има интересен и долготраен пат до странските издавачи, за разлика од некои други дела на Прокопиев што се преведуваат побрзо и почесто.

Инаку насловот на овој кус роман варира од јазикот на преводот – на англиски е ”Peeper”, на италијански ”Voyer” (во второто издание ”Il Voyer”), на српски „Посматрач“…, што е симпатично сведоштво дека „Ѕиркачот“ поттикнува различни ознаки во различни јазици.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“