Утрински Весник
Спорт

Ефес се распаѓа – Тимот од Измир се вратил без Ларкин и Клајбурн

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Екипата на Анадолу Ефес минува низ тешки моменти. Откако по поразот од Фенербахче останаа без пласман во Топ 8, тимот на Ергин Атаман доби уште една шлаканица во турскиот шампионат.

dobivaj vesti na viber

Анадолу Ефес загуби во измир од Пинар Каршијака 98:93.

Натпреварот траел подолго од планираното, поради што Ефес го испуштиле лето за Истанбул. Од клубит тогаш им рекле на играчите дека ќе се враќаат со автобус. Истанбул е оддалечен од Измир 500 километри.

Двете најголеми ѕвезди во тимот Шејн Ларкин и Вил Клајбурн одбиле да влезат во автобусот и решиле да го чекаат следниот лет за Истанбул.

Ова е само уште еден показател дека ништо не функционира во редовите на двоктатниот европски првак.

Клубот сигурно ќе ги казни Ларкин и Калјбурн, а сигурно е дека Ефес наредната сезона ќе изгледа поинаку. Договорот на тренерот Ергин Атаман истекува на крајот на сезоната и се погласни се најавите дека тој прв ќе го напушти клубот.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига