Извонреден натпревар одиграа Ливерпул и Арсенал. На крајот на „Енфилд“ немаше победик (2:2).
Фудбалерите на Арсенал по 28 минути водеа со 2:0, но на крајот спасија бод. Ливерпул во самата завршница имаше три одлични шанси за победа, а домаќинот не реализира пенал во 54.минута.
„Ова е нормално за нас оваа сезона. Отворена игра, целосно отворена. Тие постигнаа голови од првите две шанси. Реагиравме одлично и на крајот гледавме спектакуларен натпревар. Не разбирам како не победивме со толку многу шанси на самиот крај. Не разбирам. Не сум сигурен дали сум задоволен со овој бод или не. Арсенал беше добар, но требаше да загуби. На крајот на краиштата, бодот им е одличен“, изјави Јирген Клоп по натпреварот, а потоа го коментираше инцидентот помеѓу Енди Робертсон и помошниот судија на полувремето.
„Немам ништо да кажам. Знам дека нешто се случи, но не видов што се случи. Ако тоа се случило, сликите сами ќе зборуваат“.