Утрински Весник
Спорт

Димитриевски и Рајо немоќни против Атлетико Мадрид

Димитриевски и Рајо немоќни против Атлетико Мадрид
Dik 300x250 mk

Атлетико Мадрид стигна до гостинска 1:2 победа кај Рајо Валјекано во малото мадридско дерби, за да се доближат на два поени од второпласираниот Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Победата беше осигурана за две минути во првото полувреме, период во кој македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски двапати ја вадеше топката од сопствената мрежа. Прво Нахуел Молина во 22. минута стрелаше за 0:1, за само две минути подоцна Марио Ермосо за зголеми на 0:2. Ситуацијата стана потешка за Рајо кога Флоријан Лежон доби црвен картон во 62. минута од мечот, но Фран Гарсија со фантастичен гол во 85. минута ги направи последните минути супер-интересни.

Со петтата лигашка победа едноподруго, тимот на Диего Симеоне дојде на 57 поени, два зад Реал и удобни шест поени пред Реал Сосиедад. Рајо нема победа во шест меча, но останува на деветтото место со 37 поени.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс