Утрински Весник
Македонија

Полициските службеници на удар: Граѓани агресивно се однесувале кон нив во четири случаи

Полициските службеници на удар: Граѓани агресивно се однесувале кон нив во четири случаи

Денеска рано утрото во 02.05 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници го привеле М.С.(43) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

dobivaj vesti na viber

Речиси истовремено, во 01.35 часот во близина на угостителски објект во Градски парк во Скопје, полициски службеници го привеле З.М.(43) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По документирање на случаите за двете попречување на полициските службеници ќе следуваа соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Ден претходно, во 18.00 часот во казино на ул. „Никола Вапцаров“ во Скопје, полициски службеници го привеле Б.П.(69) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе следуваа соодветен поднесок.

А вчера, пак, 03.00 часот пред угостителски објект во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода Б.М.(22) од Неготино поради истите причини. Имено, приведениот агресивно се однесувал и снимал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Можете да прочитате

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година

Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти