Утрински Весник
Македонија

Премиерот Ковачевски со честитка за Велигден: Храбрите дела, љубовта и меѓусебното разбирање се патот до заедничкото добро

Ковачевски: Уставните измени се обврска на секоја партија која е за членство во ЕУ
Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во писмо до монсињор д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Епарх Струмичко-скопски упати честитки за најголемиот христијански празник Велиден, до него, до свештенството и верниците на Католичката црква кои денеска го чествуваат празникот.

dobivaj vesti na viber

„Посакувам добро здравје, мир, разбирање и лична и колективна благосостојба за сите.

Големите празници секогаш носат голема духовна сила.

И овој празник, што ја слави победата на животот над смртта, нека ја обнови вербата кај секого дека храбрите дела, базирани на љубовта и меѓусебното разбирање, се патот до заедничкото добро.

Посакувам празникот на Христовото Воскресение да го поминете меѓу најблиските, во радост и спокој “, напиша во писмото до бискупот Стојанов, премиерот Ковачевски.

Можете да прочитате

Група разбојници намамиле оштетен во Скопје и на сила му ги одзеле парите, поведена истрага

Љутков: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО

Приведен скопјанец, при преглед пронајдена дрога