Членката на Извшрниот одбор на СДСМ Рената Јајоска, членот на Централниот одбор, Љупчо Николовски и портпаролката на партијата Богданка Кузеска денеска беше меѓу граѓаните на општина Македонски Брод како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.
Тимот со граѓаните разговараше на повеќе прашања, меѓу кои мерките за подигање на животниот стандард на граѓаните, европската перспектива на државата, како и инвестициите во земјоделството.
„Со новата ИПАРД 3 програма приближно 100 милиони евра неповратни европски средства ставаме на располагање во инвестиции за модернизација на македонското земјоделство, подигнувајќи го прагот на инвестиции со цел реализирање на поголеми проекти. Тоа е само дел од директни придобивки што ние како држава ја добиваме од Европската унија, затоа мора да продолжиме по европскиот пат“ порача Николовски.
СДСМ продолжува со масовната теренска активност со која ќе се посетат 946 населени места, каде ќе се разговара со граѓаните, но и ќе се претстави планот за забрзан економски раст.