Познат е конечниот пласман на првите 10 тима во Источната конференција во НБА лигата. Титулата ја освоија Милвоки Бакс, а во плеј-ин се пласираа Мајами Хит, Атланта Хокс, Торонто Репторс и Чикаго Булс.
По поразот од Филалделфија 136:131, кошаркарите на Атланта завршија на осмото место. Во плеј-ин тие ќе играат против Мајами Хит. Победникот од овој меч ќе го освои седмото место и ќе игра против Бостон Слетикс во првата плеј-оф рунда.
Поразениот, против победникот од дуелот Торонто-Чикаго ќе се бори за осмото мести и дуел со Милвоки во плеј-офот.
Пласманот на табелата, во првата плеј-оф рунда ги спои Филадлефија и Бруклин Нетс, односно Кливленд Кавалирс и Њујорк Никс.
Конечен пласман на првите 10 во Источната конференција.
1. Милвоки Бакс, 2. Бостон Селтикс, 3. Филаделфија ’76, 4. Кливленд Кавалирс, 5. Њујорк Никс, 6. Бруклин Нетс, 7. Мајами Хит, 8. Атланта Хокс, 9. Торонто Репторс, 10. Чикаго Булс.