В понеделник, во 19:19 часот, во Изложбениот салон на КИЦ ќе се одржи промоција на новата поетска книга од истакнатата македонска поетеса Виолета Танчева-Златева.
Збирката што се закити со „Антев златник“ во 2022 г. излегува во издание на Издавачки центар ТРИ. Илустрацијата на корицата ја изработи Стефан Златев, а дизајнот е на Ана Ќортошева. Промотор ќе биде д-р Атина Цветаноска, книжевен истражувач и член на жирито за наградата „Антево перо“, а настанот ќе го модерира Александра Јуруковска, активен проследувач на книжевните објави кај нас. Стиховите со својата интерпретација ќе ни ги доближи актерот Теоман Максут.
Новата поетска книга на Танчева-Златева се разликува од нејзините 8 претходни стихозбирки со тоа што го повикува поединецот да го разбуди во себе патриотското чувство, покажувајќи му како (не) се сака татковината.
„Ако не ние – кој? Ако не сега – кога?“ Со овие зборови од поетесата ве повикуваме на оваа несекојдневна промоција. Влезот е слободен и добредојден е секој кој е подготвен за нешто поинакво.