Фудбалскиот клуб Норич објави дека капитенот Тему Пуки ќе стане слободен агент по завршувањето на сезоната.
Финецот пред пет години пристигна во Норич како слободен играч од Брондби и за тоа време стана култна личност на „Кароу Роуд“.
Финецот за пет сезони стана четвртиот најдобар стрелец во клупската историја, со 88 гола во 204 натпревари. Пред него се Иван Робертс, Тери Алкок и Џони Гевин.
„Го сакам овој клуб и овој град како и времето поминато овде. Знам дека имам уште неколку години од мојата кариера и барам нови искуства. Овие пет години се веројатно најдоброто во мојата кариера“, рече Пучи.
Се уште не се знае каде Пуки ќе ја продолжи кариерата.